Маричиќ: Ковачвски одлично ги разбира мeѓународни односи

од Берта Китинска
180 прегледи

Премиерот Ковачвски одлично ги разбира меѓународните односи и меѓународната политика има и меѓународно бизнис искуство.Јас во најголем дел од средбите сум присутен заедно со него и можам да ви кажам дека до сега одлично го тера тој дел и впрочем првата премиерска посета е во позитивен дух затворена, кажа вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во Утрински Брифинг.

Тој посетата на Петков ја оцени како еден нов позитивен иплус на односите меѓу двете земји.

-Мислам дека посетата е оценета многу позитивно и тука и во Софија. До оваа посета пониско ниво на односи не сме имале со Бугарија, оттука па натаму може да одеме само угоре. Мојот впечаток е дека премиерот Петков е искрен во намерите, дека постои добра волја, свесен е за предизвиците, но и сака да постигне конкретни резултати, а не да се задржи само на старите теми, вели Маричиќ.

Слични содржини