Германски „Ханделсблат“: Спонзорите на Ѓоковиќ се нервозни

од Nikola Popovski
310 прегледи

Некои од главните спонзори на Новак Ѓоковиќ веќе се оградија од српскиот тенисер, а други со нетрпение чекаат тој да ги објасни последните случувања околу Австралија Опен, пишува германскиот весник „Ханделсблат“.

Весникот пишува дека Ѓоковиќ, според Форбс, во 2021 година заработил 38 милиони долари, а парите од турнирот, иако лани бил многу успешен за српскиот тенисер, изнесувале само една петтина од вкупната сума. Станува збор за околу осум милиони долари од играта, наспроти 30 милиони долари од спонзорскиот договор.

На импресивната листа на оние кои ги рекламираат своите производи со името и ликот на Новак Ѓоковиќ, меѓу другите се и Lacoste, Asics, Peugeot, Raiffeisen International RBI и технолошката компанија Ultimat Kronos Group (UKG).

Наведувајќи дека неодамнешната афера за учеството на Ѓоковиќ на турнирот во Австралија, неговото депортирање и негативните наслови во медиумите влијаеле на неговата репутација, весникот ги прашал некои од главните спонзори каква е иднината на нивните договори со српскиот тенисер.

Австриската„Рајфајзен Интернешнл“ презеде дистанцата. Портпаролката на австриската банка изјави за „Ханделсблат“ дека се договориле за повеќегодишно партнерство со Новак Ѓоковиќ поради неговата популарност во Централна и Источна Европа.

„Таа одлука следеше многу пред сегашното известување за Ѓоковиќ и неговиот вакциниран статус, односно учеството на Австралија опен. Како спонзори на Новак Ѓоковиќ, критички гледаме на моменталната ситуација“, изјави портпаролката.

Претставници на швајцарскиот производител на луксузни часовници Ибло (Hublot) за Ханделсблат изјавија дека ги следат последните случувања и дека сега, по враќањето на Ѓоковиќ во Србија, „го чекаат јавно да се изјасни“ за се.

Францускиот производител на автомобили Пежо лаконски одговори дека во моментов не сакаат да го коментираат партнерството со Ѓоковиќ, а производителот на спортска опрема Хед, чиј рекет го користи Ѓоковиќ, не реагираше на прашањето на Ханделсблат.

Слични содржини