ЦУК ги обучува лицата кои ќе работат во кол-центарот на бројот 112

од Nikola Popovski
247 прегледи

Центарот за управување со кризи информираше дека во тек е обука на лицата кои ќе работат како приматели на итни повици на бројот 112.

-Денеска директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, имаше работна посета за увид во тековната етапа за обука на дел од вработените од Центарот за управување со кризи, а и од други институци од Системот за управување со кризи, коишто ќе работат како приматели на итни повици на 112 и што ќе бидат вклучени во тој процес на работа. Обуката за работа на Единствениот европски број за итни повици 112 ја спроведува италјанската фирма ,,БЕТА 80″ во соработка со ,,ИЦС Консалтинг” од Република Северна Македонија, соопштија од ЦУК.

Слични содржини