Актерот Жарко Димоски на Фејсбук напиша дека сведочел на моментот кога се случи страшната несреќа во скопската населба Карпош, кога 22-годишен возач на пешачки премин удри во момче и девојка од Радовиш.
„Бев случаен сведок кога еден млад дечко ја констатира смртта на девојката, слушнав крици што нема да ги заборавам цел живот! Улиците ни се како минско поле, ризик е да излезеш од дома, за жалење сме!“, напиша Димоски.
МВР информираше дека има уште едно повредено лице во трагичната сообраќајка што се случила во непосредна близина на крстосницата пред „Сити мол“.
Како што велат од полицијата, на лице место починала 24-годишна девојка од Радовиш.
-На 20.01.2022 год. во 19.44 час. пријавено е дека на улицата Московска со бул.Партизански Одреди се случила сообраќајна незгода во која ПМВ Цитроен управувано од Ј. Ѓ. (1999) од Скопје удрило во Л.Д. (1997) од Радовиш, кој е повреден и пренесен во ГОБ 8-ми Септември и В.Н. (1997) од Радовиш која починала на лице место, соопштија од МВР.
Повеќе детали се најавуваат во текот на утрешниот ден.