ДОМ за трагедијата кај „Сити мол“: Зошто не се реализира идејата за полицајци позорникари?

од Nikola Popovski
505 прегледи

Партијата ДОМ упати длабоко сочувство до семејството на девојката која беше усмртена со автомобил на пешачкиот премин на крстосницата кај „Сити мол“.

-Уште колку животи треба да згаснат за да престане дивеењето по скопските улици? Зошто нема зголемено присуство на полициски службеници на терен, за да ги казнуваат возачите кои ги прекршуваат законите и правилата? Функционираат ли камерите на раскрсниците, поставени уште пред неколку години? Зошто не се реализира идејата за полицајци позорникари?, упатија прашања од партијата, при тоа додавајќи дека неопходна ни е поголема безбедност и сигурност во сообраќајот.

Од МВР синоќа информираа дека во трагедијата било повредено уште едно лице.

-Синоќа во 19.44 часот пријавено е дека на улицата Московска со бул.Партизански Одреди се случила сообраќајна незгода во која ПМВ Цитроен управувано од Ј. Ѓ. (1999) од Скопје удрило во Л.Д. (1997) од Радовиш, кој е повреден и пренесен во ГОБ 8-ми Септември и В.Н. (1997) од Радовиш која починала на лице место, соопштија од МВР.

Повеќе детали се најавуваат во текот на денешниот ден.

Слични содржини