238
– Зборот е збор! Општина Струмица продолжува со подобрување на енергетската ефикасност во основните и средните училишта. Денови се вршеше замена на дел од старите прозорци и врати во средното општинско училиште „Никола Карев“, основното општинско училиште „Маршал Тито“ во Струмица и во подрачното училиште „Сандо Масев“ во населеното место Водоча.Со новите прозорци и врати побрзо и полесно ќе се загрее просторот и значително ќе се намалат губитоците на топлина, а со тоа ќе намали и потрошувачката на енергија, на својот Фејсбук напиша градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов.
Замената се врши во рамките на Програмата за намалување на аерозагадувањето на Одделението за заштита на животната средина на општина Струмица.