Починаа 11 лица од коронавирус, четворица биле вакцинирани со две дози

од Nikola Popovski
160 прегледи

Министерството за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица од коронавирус.

Од нив 4 починати лица се од Скопје (66г, 70г, 85г и 91г), 2 од Велес (54г, и 89г) и по едно починато лице од Гевгелија (59г), Струга (86г) и Делчево (61г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се две починати лица од Скопје (84г и 88г). Едното починато лице е пријавено со дата на смрт на 5.01.2022г, додека второто лице е на 20.01.2022г. Пријавените лица се починати во домашни услови.

Од вкупниот број на починати лица (n=11), четири лица се целосно вакцинирани.

Досега во земјата се направени вкупно 1.733.866 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 252.947, бројот на оздравени пациенти е 225.056, на починати е 8.177, а бројот на активни случаи изнесува 19.714.

Слични содржини