Претседателот на Украина, Владимир, го потпиша указот на Советот за национална безбедност и одбрана (СНБО) за санкции против руски компании, судии, како и високи службеници од Крим.
Според документот објавен на веб-страницата на претседателот, на списокот со санкции, меѓу другото, се и руските компании „Ленпромтранспроект“, „Геоземстрој“ и акционерското друштво „Осигурителна бизнис груп“.
На „црната листа“ се наоѓа и овластениот претставник на претседателот на Русија во Севернокавкаскиот федерален округ, поранешниот државен обвинител Јуриј Чајка, како и неколку руски судии.
Списокот вклучува неколку имиња, меѓу кои заменик-министерот за внатрешни работи на Крим, Алексеј Дмитриев, министерот за внатрешни работи на Севастопол, Павел Гишченко, вршителот на должноста шеф на рускиот Истражен комитет за Крим и Севастопол, Владимир Терентјев, обвинителот од Севастопол, Марко Болшедворски, воениот обвинител Алексеј Најд, шефот на администрацијата на ФСБ за Крим и Севастопол Леонид Михајлук, министерката за спорт на Крим Олга Торубарова, но и поранешни министри, судии на Врховниот, Арбитражниот, Воениот и другите судови на Крим.
Санкциите вклучуваат блокирање на имотот, привремено ограничување на правото на лицата да користат и располагаат со својот имот, суспендирање на финансиските трансакции, спречување на повлекување на капиталот од Украина.
Се воведуваат ограничувања на пет години.