Постои голема желба историјата да им се остави на историчарите, вели Лирман за спорот Скопје – Софија

од Vladimir Zorba
270 прегледи

Германскиот државен секретар за Европа, Ана Лирман рече дека ЕУ мора да постигне „стабилност и соработка на Западен Балкан“, дека пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија треба да се отворат што е можно поскоро и дека иницијативата „Отворен Балкан“ треба да го вклучи и Косово.

„Многу зборуваме во Европа, за европскиот суверенитет. И ако сакаме да бидеме суверени како Европејци, мора навистина да постигнеме стабилност и соработка на Западен Балкан, кој е веќе во европската куќа, но не формално. И затоа тоа ми е многу важно“, изјави Лирман за Дојче веле (DW).

Зборувајќи за „Отворен Балкан“, во кој моментално се Србија, Албанија и Северна Македонија, Лирман рече дека „разбира дека постои голема желба за соработка во регионот“ и дека во исто време „иницијативи кои сакаат да ги зајакнат регионалната соработка „тие навистина мора да бидат инклузивни“, односно да го вклучат и Косово.

Додава дека инструментите на Берлинскиот процес се многу погодни за тоа. „Во Софија минатата година беше постигнат договор за заедничкиот пазар. И сега конечно треба да се спроведе“.

Франција, која неодамна го презеде шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ, претходно, според ДВ, остро се спротивстави на проширувањето со Западен Балкан. Запрашана дали тоа се менува, германскиот државен секретар рече:

„Да. Франција испрати јасен сигнал до програмата за претседавање со Советот на ЕУ, во која едно од централните прашања е перспективата за пристапување на Западен Балкан. Ќе се одржи конференција за Западен Балкан. Макрон во својот говор во Стразбур уште еднаш ја спомена темата и појасни дека постои таа перспектива на пристап. Од таа гледна точка, сигналите од Париз се многу охрабрувачки“.

Исто така, Лирман посочи дека Европската Унија треба да си го одржи зборот кон Албанија и Северна Македонија. „Затоа треба што поскоро да се отворат пристапните преговори“, изјави германскиот државен секретар во МНР.

„Даваме се од себе да ги отстраниме последните пречки од патот. Мислам дека наскоро ќе постигнеме напредок“, додаде таа.

Во случајот со Скопје, ветото на Бугарија се уште е на сила, барајќи од Северна Македонија да признае „заедничка историја“ како што се толкува во Софија, наведува ДВ.

Според ДВ, со доаѓањето на власт на реформската влада на премиерот Кирил Петков, работите тргнуваат од мртва точка, па Петков е мета на критики и од бугарскиот претседател и од опозицијата.

„Ние сме подготвени да ги поддржиме процесите што мора да се случат, но тоа е пред се билатерален процес и верувам дека еден од приоритетите на новата бугарска влада е да напредува со сопствена реформска агенда. Постои голема желба историјата да им се остави на историчарите“, рече Лирман.

Осврнувајќи се на влијанието на другите актери во регионот, како што е Русија, Лирман вели дека одговорот е европската перспектива: „За нас е централно јасно да кажеме дека овие земји се дел од европската куќа и дека навистина припаѓаат таму. Дури и од геостратешки причини“.

Слични содржини