Пецаков позитивен, па негативен на тест за Ковид-19

од Vladimir Zorba
254 прегледи

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, добил позитивен наод на тест за Ковид-19 на испитувањето направено по завршувањето на богојавленските свечености во Охрид на кои лично присуствуваше.

На повтореното тестирање резултатите биле негативни.

И двете тестирања биле спроведени во истата установа – во Центарот за јавно здравје во Охрид.

Пецаков на својот фејсбук-профил појаснува дека не чувствува никакви симптоми, но оти ПЦР тестирањето го направил заради потреба од патување во странство.

Слично беше и со случајот на секретарот на Оштината, Александар Китески, кој исто така добил позитивен, па негативен резултат на тестирањето за Ковид-19 спроведено исто така заради потреба од патување надвор од земјата.

Слични содржини