Турскиот суд денеска нареди познатата новинарка Седеф Кабас да биде затворена до судењето, врз основа на обвинението за навреда на претседателот Реџеп Таип Ердоган, јави Си-Ен-Ен Турк.
Полицијата ја уапсила Кабас околу два часот наутро и прво ја одвела во главната полициска станица во Истанбул, а потоа ја префрлила во главниот градски суд, кој подоцна ја донел одлуката за официјалното апсење, објави телевизијата, пренесе Ројтерс.
Законот во Турција предвидува затворска казна од една до четири години за навреда на претседателот.