Врската помеѓу биткоинот и акциите може да ја спаси криптовалутата (инфографик)

од Vladimir Zorba
246 прегледи

Биткоинот се движи заедно со акциите како никогаш досега и тие истовремено паѓаат, но оваа врска може да биде многу вредна за најголемата криптовалута доколку акциите закрепнат, напиша Џоана Осингер за „Блумберг“.

Коефициентот на взаемната врска помеѓу дигиталниот токен и технолошкиот индекс Nasdaq 100 достигна речиси 0,66 во последните 40 дена, што е највисоко откако „Блумберг“ почна да собира такви податоци во 2010 година. Односот помеѓу криптовалутата и уште еден голем американски S&P 500 е, исто така, на рекордно високо ниво.

Стратезите, вклучувајќи го и Ед Јардени, претседател на „Yardeni Research“, веруваат дека расположението на пазарот на капитал наскоро ќе се промени, создавајќи можност да се врати нивната вредност по неодамнешното поевтинување. Таквото заживување може да го поддржи биткоинот и другите дигитални средства, барем за некое време.

„Се очекува акциите да закрепнат во наредните месеци поради стабилизирањето на пазарите на обврзници и континуираниот раст на корпоративниот профит. Сето тоа благодарение на закрепнувањето на светската економија“, напиша Питер Березин, главен глобален стратег во BCA Research Inc. „Ова ќе ги поддржува и криптовалутите, барем привремено“, додава тој.

Криптовалутите паднаа поради изгледите на Федералните резерви да ги ограничи стимулациите што ги поддржаа шпекулативните средства за време на пандемијата. Пазарот на криптовалути збриша повеќе од 1 трилион од својот вкупен капитал откако го достигна својот врв во ноември.

Во понеделникот, биткоинот повторно падна и се тргува, во моментот на пишување на материјалот, за 33.722 долари.

Крис Вестон, раководител на истражување во Pepperstone Financial Pty Ltd., рече дека секторот е „препродаден, но моментумот е намален и инвеститорите веројатно ќе продаваат при движења нагоре“.

Березин од BCA Research е скептичен во врска со изгледите на биткоинот, иако тој не ја исклучува можноста за краток пораст доколку акциите закрепнат. Неговата долгорочна цел за криптовалута е само 5.000 долари. Инвеститорите кои сакаат да се осигураат од ризик треба да отворат долги позиции во Кардано, Солана и Полкадот, а не во Биткоин, Лајткоин и Доџкоин, рече тој.

Слични содржини