Османи: Граѓаните да бидат спокојни, влегуваме со добра намера за надминување на спорот со Бугарија

од Nikola Popovski
278 прегледи

Влегуваме со намера за надминување на разликите и деблокирање на процесот на ЕУ интеграции. Ултимативно, тоа е конечната цел, вели шефот на македонската дипломатија. Бујар Османи во разговор за емисијата „360“.

Тој повторува дека владината делегација влегува со добра намера за решавање на спорот, но никој не може да прејудицира.

-Имавме лошо искуство во изминатиот период, а сега влегуваме со нова структура, динамика и календар и ќе видиме што ќе произлезе. Важно е дека граѓаните треба да бидат спокојни, нашите позиции се во рамките на Декларацијата со Собранието. Сега е битно да се искористи ова ново поглавје и секој да помогне со создавањето на предусловите за надминување на оваа блокада, потенцира Османи.

Министерот за надворешни работи утре во Софија има состанок со неговата бугарска колешка Теодора Генчовска.

Слични содржини