„Фајзер“ и „Бајонтек“ започнаа клиничко испитување на вакцината против варијантата „омикрон“ на коронавирусот.
Студијата ќе ја процени безбедноста, подносливоста и нивото на имунолошкиот одговор, а повеќе од 1.400 луѓе се вклучени во неа, пренесе Ројтерс.
„Иако постојните истражувања и податоци покажуваат дека бустер дозите на вакцината продолжуваат да обезбедуваат високо ниво на заштита од тешка болест и хоспитализација, ја препознавме потребата од нова вакцина во случај оваа заштита да ослабне со текот на времето и потенцијално да помогне во решавањето на проблемот кој го создаде „омикрон“ или можните нови соеви во иднина“, се вели во соопштението на вишиот потпретседател на компанијата „Фајзер“ и раководител на одделот за истражување и развој на вакцини.
Вакцината специјално направена против „омикрон“ ќе се администрира во доза од 30 микрограми, исто како и сегашната вакцина.