340
Претседателот на Македонско бугарската стопанска комора, Кирил Лазаров бара Гоце Делчев да го славиме на нашата територија, а не по другите западни земји.
-Делото и споменот на Делчев да го славиме тука, а не во Англија, Германија или Швајцарија, затоа што населението ни се иселува од државата и без регионален пристап на сите проблеми, ние нема да најдеме решение, а овде ќе останаме без нашите деца. Простор за грешка нема, мора да ја завршиме работата во предвидениот рок, рече Кирил Лазаров, во гостувањето на емисијата „Топ тема“.
Македонско бугарската стопанска комора е еден од учесниците кои на оперативно ниво ќе бидат вклучени во процесот на враќање на дијалогот меѓу Македонија и Бугарија.