Освен министерката за култура и претседателот на Р. С. Македонија се потпиша во книгата на жалост во знак на одавање почит на познатиот Александар Аки Рахимовски.
-Аки Рахимовски остави неизбришлив белег и трајни вредности коишто се инспирација за сегашните и идни генерации музичари, а неговата оригиналност, изразена низ безвременските песни, ќе биде длабоко врежана во колективната меморија на целиот регион. Горди сме што сме современици на легендарниот Аки, кој верно ја негуваше врската со неговото Скопје во кое мина дел од младоста. Нека почива во мир, Вечна му слава, напиша претседателот Пендаровски.
Инаку главниот собир за збогување со легендарниот пејач со македонско потекло се планира од 18 до 19:30 часот на плоштадот Македонија, кога хорови, пејачи и пријатели заеднички ќе отпеат некои од најголемите хитови на „Парни ваљак“.