Германскиот репрезентативец Робин Госенс е нов фудбалер на милански Интер.
Информацијата ја објави познатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо на својот Твитер профил.
Госенс во Интер ќе дојде на позајмица од Аталанта, но миланскиот клуб ќе го купи на крајот од сезоната за 25 милиони евра.
Германецот моментално е повреден, но наскоро се очекува негово враќање на терените.
Во Аталанта помина четири и пол сезони, а забележа 13 настапи со два гола и асистенции.
За германската репрезентација играше 13 пати, со два гола и четири асистенции.
Интер моментално е прв во Серија А со четири бода повеќе од второпласираниот Наполи кој има натпревар повеќе.
Robin Gosens to Inter, here we go! Agreement reached with Atalanta. Loan with obligation to buy for €25m add ons included. Personal terms agreed. ⚫️🔵 #Inter
Gosens will sign his contract in the coming hours. Deal sealed and completed. He joins Inter immediately – in January. pic.twitter.com/U0jpjplIEr
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 26, 2022