Шаќири – Јанкуловски: Вложувањето во високото образование е наш приоритет

од Берта Китинска
160 прегледи

Шаќири и Јанкуловски на првиот работен состанок разговараа за продолжување и унапредување на соработката во делот на високообразовните политики во Република Северна Македонија, како во делот на едукацијата, обезбедувањето на квалитетен кадар, така и во делот на научно-истражувачката дејност.

– Вложувањето во квалитетно образование на сите нивоа, вклучувајќи го и високото е врвен приоритет на Министерството за образование и науки. Високото обрзование е основата за развој и просперитет на државата, бидејќи за економски раст и силна држава, ни се потребни добро образовани кадри. Но, за квалитетно одбразование кое ќе ги создаде овие кадри ни требаат мотивирани и добро подготвени професори кои се ценети и си сакаат работата, истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на средбата со Никола Јанкуловски, ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Министерот за образование и наука во наредниот период ќе ја продолжи интезивната и непосредна комуникација со високообразовните установи со цел одблиску да се запознае со предизвиците и потребите на Универзитетите, бидејќи нивната работа е од висок општествен интерес.

Слични содржини