СДСМ: Арсовска е прв пример за неработа, за неправење ништо

од Берта Китинска
233 прегледи

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се најголемо разочарување, во првите месеци од мандатот не сработеа ништо во интерес на граѓаните и општините.

Нема ниту еден свој проект реализиран од нивната програма, не ги исполнија ветувањата пред граѓаните, вели на денешнатa прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

-Напротив, граѓаните сведочеа за прекинување на проекти, кршење на законите, трошење народни пари на чоколади и сокови. Партизација е се она што праватградоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Данела Арсовска е прв пример за неработа, за неправење ништо, вели таа.

Освен што се прогласи за ненадлежна за се, посочи Кузеска, прекинуваше проекти и нивелираше една шахта.

„Ништо друго не сработи во првите два и пол месеци од мандатот.Арсовска среде енергетска криза не одвои ниту денар за помош на скопјани, и ги остави без парно, по што мораше Владата да презема мерки и да обезбеди парно за скопјани“, истакнува таа.

Според портпаролката на СДСМ, градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски наместо да направи нешто за граѓаните, во време на криза потрошил 6.000 евра за чоколадни бонбони, сокови и кроасани.

– И тој како Арсовска се прогласи ненадлежен за се, освен за трошење на парите на граѓаните, посочи Кузеска.

– Кирил Пецаков градоначалникот на Охрид ќе остане запаметен само по тоа што ги прекрши законите и протоколите и го загрози здравјето на охриѓани. Бобан Стефковски градоначалникот на Гази Баба стопираше неколку капитални проекти од неговиот претходник, како училиштето Кирил и Методиј во Стајковци, додаде Кузеска.