Кристијано Роналдо е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, но се чини дека неговата суета е исто толку голема колку и неговата мајсторија на теренот.
Португалецот беше навреден бидејќи неговата пазарна вредност на сајтот „Трансфермаркт“ не беше проценета со цифрата што мисли дека му е потребна, што беше голем удар за неговото его.
Роналдо беше целосно незадоволен кога виде дека „Трансфермаркт“ му даде проценка од 75 милиони евра за време на неговиот престој во Јувентус, поради што го блокираше профилот на интернет страницата за трансфери на Инстаграм.
Трансфермаркт објави список составен од највредните играчи на Жорге Мендеш, фудбалски агент кој ги застапува светските ѕвезди, но тоа доведе до тоа играчот на Манчестер Јунајтед да им испрати приватна порака за да се пожали на вредноста што му ја доделиле.
-Не можеме да го обележиме Роналдо бидејќи не блокираше откако ја виде неговата пазарна вредност, напишаа во соопштението.
Во интервју за Атлетик, координаторот на Трансфермаркт, Кристијан Шварц, откри дека вработените во одделот за социјалните мрежи на страницата се обиделе да му објаснат на Роналдо зошто е проценет на 75 милиони евра.
„Најпрво им испрати порака на нашите момци на социјалните мрежи. Тие му одговориле, објасниле зошто и му рекле: „Меѓу луѓето во твојата возрасна група ти си убедливо број еден. Мислам дека имаше разлика од 30 до 50 милиони фунти помеѓу Роналдо и следниот играч на списокот, а потоа испрати смајли и не блокираше“.
Најскапиот играч на Хорхе Мендеш е играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Бернардо Силва, кој тогаш бил проценет на 100 милиони евра.
Една година по објавувањето на списокот, Роналдо го напушти Јувентус и се врати во Манчестер Јунајтед, за кој сезонава постигна 14 гола на 24 натпревари.