16.000 граѓани го изгубиле работното место поради ковид-кризата

од Nikola Popovski
259 прегледи

Вкупно 16.073 граѓани добиле отказ од работното место поради пандемијата на коронавирус, информира денеска директорот на Агенцијата за вработување, Беким Мурати на прес-конференција.

-Од 11 март 2020 година, вкупниот број на работници 16.073 се одјавени врз база на тоа дека поради кризата го загубиле работното место. Во Агенцијата за вработување со состојба од 31.12.2021 година е регистрирано дека вкупниот број на активни баратели на работа се 130.982 и 54.618 кои се пријавуваат на шест месеци, додаде Мурати на новинарско прашање.

Слични содржини