Америка побара седница на Советот за безбедност за Украина

од Milan1
202 прегледи

САД побараа во понеделник да се одржи јавна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации за кризата околу Украина поради заканата што Русија врз меѓународниот мир и безбедност.

„Повеќе од 100.000 руски војници се распоредени на украинската граница, Русија применува и други акти на дестабилизација кон Украина, што претставува јасна закана за меѓународниот мир и безбедност и повелбата на ОН“, изјави американската амбасадорка во ОН Линда Томас-Гринфилд.

САД и нивните сојузници стравуваат дека Русија планира инвазија на Украина, што Русија го отфрла, наведувајќи дека нема воинствени намери.

Русија од друга страна бара безбедносни гаранции од САД и НАТО и Украина да не стане членка на Алијансата.