Во утринското гостување во Утрински брифинг гостуваше Бујар Османи. Тој истакна дека малцинствата треба да ги решаваат своите проблеми, недоразбирања во државата во која живеат, а во овој случај и бугарското малцинство.
– Погрешно е дека работиме само на секторски групи. И политичките прашања се интезивираа при посетата на С.Македонија во Бугарија и обратно. Сега има еден наратив на самоопределување во согласно со Уставот. Ние сме најсилни и најдобри во тоа. Се потценува овој „шифт“. Сега има идентитетски заокружувања. Важно е поместување на наратив, право на самоопределување на една држава. Ние сме најсилни во тоа нешто .Сега има позитивен „шифт“. Јас не ги знам бројките на Бугари во Македонија. Ќе се разгледаат сите заедници дури и да е мала доколку сметаат дека биле запоставени од државата во однос на мултиетичност, а со Рамковен договор е отскокнување во одност на заштита на малцинска заедница. Со тоа државата е посилна и ќе има подобри билатерални односи. Која и да е организација на малцинствата тие треба да разговараат со Скопје. Јас сакам да бидам канцеларија каде тие можат да ги остварат своите етнички права во Македонија и да ги кажат нивните проблеми. Сите луѓе имаат маки без оглед на која заедница се, изјави Османи.