Според официјалните податоци на австриското МВР, во првата недела од јануари се регистрирани голем број заразени со коронавирус кај оние кои се враќаат од одмор, особено од Балканот. Најмногу заразени се „увезени“ од Босна, со 1.611 во првата недела од јануари и 822 во втората недела.
Потоа следи Србија со 959 во првата недела од јануари, а 540 во втората. На трето место е Унгарија со 748, односно 121 случај.
За значителен драматичен пораст на бројот на заразени во Австрија придонесоа и повратниците од Турција со 147, односно 403 случаи, потоа Романија со 161 и 295 и Хрватска со 180 и 579 случаи.
Кога станува збор за Германија, во првата недела од јануари биле увезени 594 случаи на заразени со коронавирус, а во втората 622.
Голем број граѓани, по потекло од Балканот, но и многу Австријци, „уморни“ од суровите епидемиолошки мерки и карантин, отпатуваа во странство за време на зимскиот училишен распуст и божиќните празници.
Балканците и претходно беа обвинети од австриските власти за „увоз“ на короната, како што беше случајот минатото лето кога ги обвинија за повторното зголемување на бројот на заразени лица.