Ивановска: Кај тројца судии има несразмерно зголемување на имотот

од Nikola Popovski
275 прегледи

Претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска информира дека добиваат голем број пријави од граѓани кои што се незадоволни од судските одлуки.

-Таму каде што сметаме дека има простор нешто да се направи, а не е многу стар случај, ги доставуваме податоците на надлежната постапка во Судскиот совет, вели Ивановска во интервју за ТВ 24.

Според неа, тие како независно тело можат да ја проверуваат само имотната состојба на судиите.

-Од проверката на ДКСК произлезе дека кај тројца судии постои несразмерно зголемување на имотот и тие ги дадовме на натамошно разгледување во Финансиската полиција. ДКСК е надлежна да постапува само во овој дел, додаде Ивановска.

Слични содржини