Маричиќ: Во наредните неколку недели ќе има средба со опозицијата

од Vladimir Zorba
199 прегледи

Премиерот Ковачевски вчера соопшти дека имало телефонски разговор меѓу него и лидерот на опозицијата. Јас сум убеден дека во наредниот период, во наредните неколку недели ќе има средба и со опозицијата. Впрочем нашата Влада и СДСМ секогаш биле отворени за дијалог и во минатото кога беа потребни двотретински и за двотретински закони и за уставни промени, ние се убедувавме и работевме со опозицијата, Така ќе биде и овој пат, рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на маргините на конференцијата БГМК2030 „Граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво“.

Запрашан да ја коментира изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев дека е добро е што се формираат работни групи и меморандуми во однос на инфраструктурата и економија, но меѓутоа „прво треба да се решат оние тешки политички клучни прашања“, Маричиќ изјави дека не бегаат од отворените прашања, меѓутоа не може да дозволат односите меѓу Северна Македонија и Бугарија да се темелат само на тие прашања.

– Сметаме дека има потенцијал во многу други области, впрочем затоа се формираа и овие работни групи каде што може преку конкретни форми на соработка да се покажат резултати, да се приближат граѓаните, да се смени атмосферата за да можеме да ги решаваме сите отворени прашања, вклучувајќи ги и овие, но во никој случај, ниту на средбите, ниту во нив не сме ги избегнувале отворените прашања, истакна вицепремиерот Маричиќ.

Тој нагласи дека двете земји не можат да ги оствариме целите за зголемена соработка, топење на мразот и остварување на успех, доколку не направат и конкретни чекори и не покажат и конкретна добра волја.

Слични содржини