Приведени разбојници од Визбегово, одреден притвор

од Vladimir Zorba
537 прегледи

На 27.01.2022 околу 06.15 часот во с.Визбегово, од страна на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Чаир и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, по обезбедена судска наредба, извршен бил претрес на дом и други простории кај А.А.(29) и кај Б.Ќ.(30), поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „разбојништво“.

Имено, кривичното дело двајцата го извршиле на 21.01.2022, при што со закана со нож и пиштол од таксист од Скопје одзеле пари и мобилен телефон.

При претресите кај двете лица биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело. А.А. и Б.Ќ. биле лишени од слобода, против нив е изготвен поднесок, а од страна на судија определена им била мерка притвор.

Слични содржини