Поп ѕвездата Дуа Липа се појави на насловната страница на „The Wall Street Journal“, а во интервјуто, меѓу другото, проговори и за Косово од каде што потекнува.
Липа е родена во Лондон, но често зборува за своето потекло. Во интервјуто за познатиот магазин таа истакна дека никогаш нема да престане да зборува за тоа.
„Косово е голем дел од мене. Приказната за моите родители и начинот на кој тие дојдоа во Велика Британија е нешто што го носам во моето срце. Секојдневно сум сведок на коментари на луѓе кои тврдат дека немам држава, идентитет, но и дека Косово не постои. Живеев на Косово, знам дека таму се загубија многу животи и тешко ми е да молчам за тоа. Секогаш ќе го споменувам тоа“, изјави пејачката.
Дуа тврди дека и се допаднало времето што го поминала на Косово и дека таму се чувствува побезбедно отколку во Лондон.
„Ми се допадна Косово. Таму е многу побезбедно отколку во Лондон. Чувствував единство и сигурност. Сите таму се познаваат, особено во Приштина“, рече таа.
Тврди дека научила многу од престојот таму, а со задоволство се сеќава на времето во училиште.