Медицински сестри издавале лажни ковид-сертификати и заработиле милион и пол долари

од Nikola Popovski
280 прегледи

Две медицински сестри на Лонг Ајленд се обвинети за фалсификување на ковид-сертификати, на кои заработиле повеќе од 1,5 милиони долари, соопштија обвинителството и полицијата.

Џули Девуоно, сопственичка на педијатриската клиника „Вајлд Чајлд“ и медицинската сестра Мариса Ураро биле обвинети во петокот за кривично дело фалсификување.

Окружниот обвинител во Сафолк, Рејмонд Терни, соопшти дека издавале лажни пропусници за вакцинација, по цена од 220 долари за возрасни и 85 долари за деца и дека внесувале лажни податоци во државната база на податоци за имунизација.

Откриени се откако издале лажен сертификат на детектив на тајна задача кој не бил вакциниран.

Полицијата запленила околу 900.000 долари во готовина и книга со евиденција во куќата на Девуоно, што покажува дека тие почнале да издаваат лажни пропусници во ноември 2021 година и оствариле профит од милион и пол долари.

Слични содржини