ДиЏеј ФАРМЕР: Калвин Харис купи фарма на Ибица и почна да одгледува органска храна

од Vladimir Zorba
616 прегледи

Еден од најбогатите и најпопуларни диџеи на денешницата, Калвин Харис (38) го замени холивудскиот начин на живот со одгледување органска храна на најголемата фарма на Ибица.

Откако ги продаде своите две вили за неколку милиони фунти во Лос Анџелес во 2020 година, Харис ја купи фармата Тера Масија од 138 хектари на Ибица.

Имотот што тој го купил е всушност најголемата органска фарма на Ибица која произведува сè, од зеленчук и јајца до вино и таканаречени производи од фарма до трпеза, и нуди можност за организирање разни настани, па дури и свадби.

– Калвин ангажираше експертски тим кој вклучува фармери и готвачи. Но, тоа не го спречи да се вклучи во бизнисот и редовно да ги валка рацете, да помага во садењето и се друго што вклучува водење фарма. Тој е навистина страстен за сето тоа – изјавил за „The Sun“ извор близок до него.

Калвин претходно беше во врски со Тејлор Свифт (32), Никол Шерцингер (43), Кети Пери (37), а наводно бил свршен со британската пејачка со албанско потекло Рита Ора (31).

Тој денес е во среќна врска со моделот Аарика Волф (28).