Њукасл го урна рекордот, најскап трансфер во историјата на клубот

од Nikola Popovski
400 прегледи

Бруно Гимараеш, поранешен играч на Лион, е нов играч на Њукасл во рекорден трансфер за клубот од северот на Англија.

Играчот од средниот ред на Лион, кој игра како последен играч за врска на Сент Џејмс Парк, пристигна во трансфер вреден најмалку 40 милиони евра.

Имено, покрај фиксната цена, Њукасл треба да плати уште осум милиони евра на францускиот тим доколку се исполнат одредени услови.

Гимараеш е четвртото засилување што пристигнува во овој клуб, откако пред него договорите ги парафираа Крис Вуд од Барнли, потоа Џо Вилкок од Арсенал и Кјеран Трипие од Атлетико Мадрид.

Ова треба да биде вовед во пеколниот крај на преодниот рок, бидејќи со Њукасл се поврзуваат многу фудбалери, од стоперот Миленковиќ кој настапува за Фиорентина, преку голманот на Пари Сен Жермен, Кејлор Навас, до двоецот на Барселона, Осман Дембеле и Самуел Умтити.

Слични содржини