ВМРО -ДПМНЕ: Фирмата блиска до Рашковски земала тендери од 1 милион евра од Дрисла

од Берта Китинска
144 прегледи

Фирмата Алпима Градба, сопственост на Пиперевалиев, од Струмица, близок на Рашковски и Заеви со само два договори од 2019 и 2020 остварила приход од Дрисла близу еден милион евра, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие истакнуваат дека во тој периот со Дрисла управувал роднина на Рашковски.

– Како во време на СДСМ, додека со Дрисла управува Коста Начевски, роднина на Рашковски и функционер на СДСМ, фирмата Алпима Градба на Александар Пиперевалиев од Струмица, бизнис партнер на Заеви и роднина на Рашковски склучува договори за изнајмување на машини со јавното претпријатие, за што му се исплаќаат близу еден милион евра? Како токму фирмата од Струмица, блиска до Заеви и до Рашковски го добива тендерот за изнајмување машини во Дрисла? Дали за Алпима Градба е менувана тендерска документација во отворена постапка?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.