Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска соопшти дека е позитивен на корона вирусот.
Трудо (50) го добил резултатот од тестот утрово според локално време, јавуваат канадските медиуми.
Тој на Твитер напиша дека се чувствува добро и дека една недела ќе работи онлајн во согласност со правилата.
Тој апелираше до граѓаните да се вакцинираат и да примат бустер доза од вакцината против коронавирусот.
Трудо е во самоизолација од минатата недела, бидејќи едно од неговите деца беше позитивно на тестот за Ковид-19.
Да потсетиме, претходните денови во Отава се одржаа протести на камионџии против задолжителната вакцинација. „Конвој на слободата“ од околу 50.000 возачи на камиони, како и илјадници демонстранти, беа на улиците.
По тој повод медиумите објавија дека премиерот и неговото семејство го напуштиле својот дома и заминале на тајна локација.