277
Потпретседателот на Европската комисија, Валдис Домбровскис денеска изјави дека гасоводот „Северен тек 2“, дизајниран од Русија, е ставен во мирување, дека ЕК ја испитува усогласеноста на проектот со европската енергетска политика и нагласи дека ЕУ ќе направи се што е можно за да ја спречи Русија од користењето на природниот гас како оружје.
Северен тек 2, кој минува од Русија до Германија и преку Балтичкото Море, беше завршен во септември, но се чека одобрување од регулаторите во Германија и ЕУ за тој да почне да функционира, пренесува Ројтерс.
Домбровскис најави и дека Европската комисија утре планира да одобри пакет финансиска помош за Украина во вредност од 1,2 милијарди евра.
Фото: Nikolai Ryutin