Актер од „The Walking Dead“ пронајден мртов со прострелна рана

од Vladimir Zorba
717 прегледи

Актерот од Мозес Џеј Мозли, најпознат по улогата во серијата „The Walking Dead“, почина на 31-годишна возраст, објави TMZ.

Мозес беше пронајден мртов во Стокбриџ, Џорџија. Тој бил пронајден со прострелна рана, а околностите за неговата смрт се уште се истражуваат.

Неговите блиски рекоа дека не биле во контакт со актерот од 23 јануари, а во средата го пријавиле неговото исчезнување во полиција.

„Сите кои го познаваа го сакаа. Мозес беше неверојатна личност. Тој беше многу талентиран, одличен пријател. Секогаш беше возбуден за работата и животот воопшто“, вели менаџерот на актерот.

Инаку, Мозес и е најпознат на јавноста по улогата на Мајк, еден од зомбите во серијата „The Walking Dead“. Тој глумеше во серијата од 2012 до 2015 година. Имаше гостување во ТВ емисиите „Queen of the South“ и „Watchmen“, а се појави и во филмот „Volumes of Blood: Horror Stories“.