По две и пол години, Дел Потро се враќа на тенисот

од Vladimir Zorba
345 прегледи

Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро, поранешен треторангиран тенисер, се враќа на тенисот по две и пол години отсуство на АТП турнирот 250 во Буенос Аирес (7-13 февруари), соопштија организаторите во понеделникот.

33-годишниот Дел Потро нема играно од Квинс 2019 година, каде го повреди коленото.

Оттогаш имаше четири операции , вклучувајќи ја и последната во 2021 година, која го оддалечи од терените долго време и го спушти на 757. место во светот.

Во последните недели „Делпо“ на социјалните мрежи изрази желба да се врати да игра во Буенос Аирес, а Аргентинецот следната недела ќе игра и на АТП 500 турнирот во Рио (14-20 февруари).

Слични содржини