Поштарите ќе носат пензии до врата, голема заинтересираност кај руралните средини

од Берта Китинска
401 прегледи

Генералниот директор на АД „Пошта на Македонија” Јани Макрадули вели дека е поголема е заинтересираноста за носење пензии до домот кај пензионерите од руралните средини, но се надева оти таа заинтересираност ќе се преслика и кај лица од урбаните средини и дека ќе има поголема заинтересираност.

– По стечајот на Еуроостандард банка, Пошта претрпе сериозни финансиски штети од една страна, но и од друга страна и граѓаните станаа недостапни бидејќи се навикнати повозрасните лица во домот да им дојде поштар.Поголема е заинтересираноста во руралните средини и затоа посебно се договараме со нашата деловна банка со која соработуваме, поточно со „ХАЛКБАНКА“, со нивните банкарски офицери и со наш претставник да ги посетиме најодалечените места и да ги завршиме формалностите. „ХАЛКБАНКА” има околу 15 илјади пенизонери, но она што сакам јас да апелирам е и другите да ја искористат оваа можност за да не се создаваат гужви во време на ковид пандемијата, рече Макрадули.

Слични содржини