Нови ковид-протоколи во Германија и Шпанија за македонските граѓани

од Nikola Popovski
229 прегледи

Согласно препораките од Европската комисија, за влез во Германија, за граѓаните на Северна Македонија ќе се применуваат следните препораки. Според Министерството за надворешни работи, важноста на сертификатот за вакцина со две дози од призната вакцина од ЕМА/Германија ќе биде 9 месеци/270 дена, наместо досегашните 12 месеци, и соодветно патниците при влез ќе треба да имаат ја имаат предвид важноста на нивниот сертификат со цел да не им биде одбиен влез.

-Сертификат за вакцинација со 3 дози призната вакцина од Германија засега ќе имаат неограничена важност, додаваат од МНР.

Во Шпанија, според новите правила, се прифаќаат потврдите за извршена имунизација со две дози вакцини од надлежните органи на Република Северна Македонија, доколку се поминати 14 дена од датумот на прием на втората вакцина и доколку не поминале повеќе од 270 дена од датумот на прием на втората вакцина.

-По истекот на рокот од 270 дена, сертификатот за имунизација издаден од надлежниот орган на земјата на потекло мора да содржи доказ за прием на трета (booster) вакцина. Шпанските власти соопштуваат дека влез со PCR или NAAT тестови ќе биде дозволен само за патници кои имаат соодветна шпанска виза или дозвола за престој во Шпанија. Сертификатите за имунизација со две вакцини кои не се признаени од WHO и ЕМА ќе се прифаќаат само ако третата примена вакцина е признаена од страна WHO и ЕМА, соопштија од македонската дипломатија.

Слични содржини