195
Многу земји не го достигнаа пикот на бранот на високо преносливиот сој на коронавирус омикрон, па затоа мерките за спречување на неговото ширење треба постепено и внимателно да се ублажуваат, изјави денеска Марија Ван Керхове, шефица на техничкиот оддел за Ковид-19 при СЗО.
Шефот на СЗО за вонредни ситуации, Мајк Рајан, ги повика државите самостојно да го следат својот пат за излез од пандемијата, а не слепо да ги следат другите и да ги ублажуваат рестриктивните мерки, пренесува Ројтерс.
„Ако брзо ја отворите вратата, подобро да можете и да ја затворите прилично брзо“, предупреди Рајан.