Потребна е конструктивна опозиција, затоа што се соочуваме и со здравствена и енергетска криза. Со заеднички пристап кон овие важни прашања и проблеми, можеме да понудиме подобар сервис за граѓаните, вели пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски, говорејќи за новиот проширен состав на партиското раководство на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, жално е што во моментов немаме таква, потребна опозиција.
-Имавме само опозиција што кочеше се живо. Се надевам дека партијата ќе делува врз принципи кои значат многу за граѓаните. Треба да имаме силна опозиција која заедно ќе работи со власта, рече Каевски, кој додава дека македонското стопанство во моментот не може да си дозволи предвремени парламентарни избори и блокади на системот.
-Тоа ќе доведе на пропаѓање на многу работни места, категоричен е Каевски, во гостувањето на емисијата „Само вистина“.