Новак Ѓоковиќ ќе ја прими вакцината против коронавирус за да може непречено да се врати во борбата за најмногу грен слем титули.
Така барем мисли човекот кој ја напиша биографијата на Ѓоковиќ, Даниел Микш:
„Според она што го слушнав од луѓето околу него, верувам дека ќе се вакцинира.„Можеби придонесоа и финалето во Мелбурн и 21. Грен слем титула на Надал“, истакнал Микш за време на гостувањето во емисијата на телевизијата Сервус.
Потсетуваме, Ѓоковиќ беше депортиран од Австралија откако му беше укината визата бидејќи се обиде да влезе во „земјата на кенгурите“ со медицинско ослободување, кое австралиските власти го прогласија за неважечко.
Рафаел Надал во финалето по пресврт го победи Данил Медведев, кој го надмина Ѓоковиќ по бројот на освоени титули на Грен слем турнирите.