Димовски: Работодавачите не даваат покачени плати согласно зголемувањето на минималната

од Nikola Popovski
677 прегледи

Една фамилија во која двајца работници земаат минимална плата не може да го преживеат месецот, уште еднаш повтори претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Дарко Димовски во гостувањето на емисијата „24 анализа“.

Димовски обелодени дека се намалуваат бројот на работници во земјата.

-Квалификуваниот работник во однос на шиењето, ја напушти Македонија и отиде во ЕУ, каде се почитуваат работничките права, се исплаќа регрес, платен е по работен час и неговата продуктивност е многу зголемена по однос на платите тука и таму, истакна Димовски.

Претседателот на ССМ потенцира дека минималната плата е загарантирана категорија за егзистенција на еден работник.

-Кога се покачува минималната плата не за џабе е ставен членот 8 во Законот за минимална плата. Треба скалесто да се доуредат и останатите плати, согласно зголемувањето на минималната. Работодавачите не го прават тоа. Не сакаат да одвојат и затоа имате многу луѓе кои се се поблиску до минималната, појаснува Димовски.

Слични содржини