Клуб од Србија го менува името на стадионот во првата исламска криптовалута

од Nikola Popovski
400 прегледи

Српскиот фудбалски клуб Нови Пазар соопшти дека со гордост го претставува најголемиот спонзорски договор во неговата историја, кој е резултат на трудот на луѓето од клубот.

Нови Пазар и швајцарската компанија CaizCoin, која тргува со криптовалути врз основа на принципите на исламското банкарство, и која веќе е спонзор на најголемите европски клубови од шпанската Ла Лига, германската Бундес лига и турската Суперлига, потпишаа спонзорски договор со кој станаа најголемиот спонзор на клубот.

За прв пат во светот фудбалски стадион ќе биде именуван по криптовалута. Како што е најавено, договорот автоматски ќе биде продолжен и значително зголемен за следната сезона 2022/2023, со единствен услов ФК Нови Пазар да остане член на Супер лигата.

-Со овој договор, клубот постигна значителна финансиска стабилност и способност да се натпреварува рамноправно со клубовите на врвот на табелата, а CaizCoin доби сигурен партнер за развој на своите проекти, се вели во кусото соопштение од Нови Пазар.

Според луѓето од клубот, официјалната промоција на договорот се очекува во текот на февруари, на стадионот на ФК Нови Пазар, со пристигнување на делегацијата на CaizCoin.

Слични содржини