Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известуваат дека без струја денеска ќе останат дел од Гази Баба и Карпош.
– Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат следните корисници: од 08:30 до 10:00 часот, корисниците од ул. Радован Ковачевиќ и Методија Андонов Ченто 3, 5 и 7 (Гази Баба). Од 09:00 до 13:00 часот, еден дел од корисниците на улица Франце Прешерн (Општина Карпош), соопштуваат од Регионалниот центар за управување со кризи.