Рецепт: Домашна плескавица

од Vladimir Zorba
814 прегледи

Многу вкусна плескавица која лесно се подготвува.

Состојки:

– 170 гр мелено телешко месо

– 170 гр мелено говедско месо

– 1 црвен кромид

– 1 чешне лук

– чили во прав

– слатка црвена пиперка

– сол, бибер

– масло

Подготовка:

Месото убаво измешајте го со зачините и ситно сечканиот кромид.

Ако сакате луто, можете да додадете повеќе чили и обратно.

Обликувајте ги плескавиците и печете ги на добро загреана тава.

Послужете со салата по ваш избор.

Пријатно!

Слични содржини