Градоначалникот на општина Стримица, Коста Костадинов на негоивот профил соопшти дека за оваа година се издвоени 3.576.000 денари за деца на самохрани родители. Намената на буџетот е истите да се ослободат од плаќање на надоместок за престој во градинката „Детска радост“.
– Од буџетот на општина Струмица за оваа година издвоени се 3.576.000 денари за ослободување од плаќање на надомест за престој на деца на самохрани родители во градинката „Детска радост“.Ова право на партиципација се остварува за дете од семејство на самохрани родители кои земаат плата пониска од просечната месечно исплатена нето плата на ниво на Република Северна Македонија или невработени лица кои живеат на територија на општина Струмица. За семејства на самохрани родители кои имаат право на ослободување на плаќање надомест за престој на своите деца се сметаат семејствата во кои eден од родителот е починат или непознат и за дете од разведен брак. Подетални информации може да се добијат од Јавниот повик објавен на општинската веб страница, објави Костадинов.