Отфрлена кривичната: „Ѓоковиќ неколку пати бил тестиран и потврдите се валидни“

од Nikola Popovski
312 прегледи

Првото основно јавно обвинителство Белград ја отфрли кривичната пријава на потписникот „Будимир Гром“ во која се наведува дека непознати лица изработиле фалсификувана исправа – ПЦР потврди, кои подоцна Новак Ѓоковиќ ги користел за ослободување од вакцинација при влез во Австралија, како и при жалбата на одлуката за укинување на визата.

Пријавата е поднесена до обвинителството на 12 јануари по електронски пат против неидентификувани лица за сторено кривично дело фалсификување исправа, соопшти обвинителството, а пренесува агенцијата Танјуг.

Обвинителството ги извршило потребните проверки, за што е испратено барање за прибирање на потребните информации до Министерството за здравство на Република Србија заради проверка на точноста на податоците, односно наводите од кривичната пријава.

Обвинителството денеска било информирано од Министерството за здравство дека инспекцискиот надзор во институциите од Мрежен план утврдил дека потврдите за резултатите од тестирањето на вирусот САРС-КоВ-2 наведени во кривичната пријава се автентични.

„Со увид во електронската база на податоци при надзор на извршените тестови за присуство на вирусот Ковид-19 кај лицето Новак Ѓоковиќ, утврдено е дека е повеќекратно тестиран и дека потврдите за резултатите од тестот од 16.12. 2021 година и од 22.12.2022 се валидни“, прецизираше обвинителството.

Обвинителството по прибраните податоци со решение ја отфрли кривичната пријава, сметајќи дека пријавеното дело не е кривично дело за кое се гони по службена должност.

Слични содржини