Комерцијална со реакција за понудениот имот на Мијалков: „Народна банка нема утврдено неусогласеност“

од Vladimir Zorba
489 прегледи

Во врска со изјавата на Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески и неговото барање „Народната банка да испита дали со оваа согласност (државата да има прв приоритет над понудениот имот од лицето Сашо Мијалков, н.з.) некој излегол вон рамките на своите службени овластувања или, пак, се доведени во прашање интересите на другите комитенти на Банката“, од Комерцијална банка изјавија дека гарантираат дека нејзините одлуки се донесени во согласност со интерните процедури, надлежности и законските прописи.

Исто така, оттаму истакнуваат дека Комерцијална банка до Народната банка на Република Северна Македонија на 04.01.2022, 17.01.2022 и на 28.01.2022 година ја доставила целокупната барана документација.

„Комерцијална банка до денеска нема добиено известување, укажување или извештај од Народната банка дека е утврдена каква било неусогласеност, ниту пак дека е изречена каква било мерка за Комерцијална банка“, велат оттаму.

Слични содржини