Ковачевски од Брисел: Остануваме посветени на учеството во операциите и мисиите на НАТО

од Берта Китинска
179 прегледи

Денеска ја започнав мојата дводневната работна посета на Брисел и остварив средба со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, напиша на својот Фејсбук, премиерот Димитар Ковачевски
-Членството на Северна Македонија во НАТО придонесе за регионална стабилност на Западен Балкан. Постигнат е огромен напредок во соработката со нашите соседи и особено со сојузниците во Алијансата. Остануваме посветени на учеството во операциите и мисиите на НАТО, напиша Ковачевски.