440
Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски на својот Фејсбук соопшти дека денеска се запленети прекурсори со кои ќе бил произведен амфетамин, чија вредност би била над 50 милиони евра.
-Запленет над еден тон прекурсори од кој требало да биде произведен амфетамин вреден над 50 милиони евра, разбиена меѓународна криминална група, лишени од слобода две лица, а се преземаат мерки и активности и за приведувања на други лица. Оваа акција уште еднаш ја демонстрира посветеноста на МВР за сузбивање на нелегалната трговија со дрога, каде бележиме одлични резултати, а со ист интензитет на посветеност , продолжуваме и во наредниот период, напиша Оливер Спасовски.